Актуелниот потпретседател на Европската ракометна федерација, Предраг Бошковиќ, денеска е уапсен по налог на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора.
Како што пишува весникот „Вијести“, Бошковиќ е приведен како дел од истрага за организирана криминална група која, според сомневањата на обвинителството, ја водел познатиот бизнисмен Александар Мијajловиќ.
По апсењето, Бошковиќ бил спроведен во просториите на Специјалното полициско одделение во Подгорица и одреден му е притвор од 72 часа.
Во истата акција, судијата за истрага при Вишиот суд во Подгорица претходно одредил притвор за посочениот бизнисмен Мијајловиќ и за поранешниот шеф на контраразузнавачката служба во Црна Гора.
Предраг Бошковиќ е поранешен министер за одбрана на Црна Гора и некогашен функционер на Демократската партија на социјалистите, а неодамна доби нов мандат во европската куќа на ракометот.