Јанц: Еурофарм Пелистер одлично ја почна сезоната, не очекува интересен дуел

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер в среда го очекува нов предизвик во Лигата на шампионите и гостување кај Висла Плоцк.

Полскиот шампион има две победи на гости кај ПИК Сегед и дома со Загреб, а минатото коло загуби кај европскиот првак Магдебург со само еден гол разлика.

Средниот бек Митја Јанц очекува интересен натпревар.

„Не очекува уште еден тежок натпревар – овојпат против Еурофарм Пелистер. Имаме уште неколку дена за да се подготвиме на најдобар можен начин и да продолжиме да се движиме во вистинската насока. Верувам дека растеме од натпревар во натпревар, и тоа мора повторно да го покажеме во среда. Тие ја започнаа сезоната одлично, така што сигурно не очекува интересен дуел, но најважно е да останеме фокусирани на себе“, вели Јанц.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Висла Плоцк се игра во „Орлен Арена“ во Плоцк в среда со почеток од 18:45 часот.