Најомразената двојка во Македонија ќе му суди на Еурофарм Пелистер во ЛШ!

Најомразената судиска двојка во Македонија, Мадс Хансен и Јеспер Мадсен, ќе му судат на шампионот Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.

Тие добија делегирање од Европската ракометна федерација за натпреварот од најелитното натпреварување меѓу Висла Плоцк и пелистерци.

Хансен и Мадсен го навлекоа гневот кај македонската јавност по арбитражата на дуелот меѓу нашата репрезентација и Холандија на СП 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.

Натпреварот меѓу Висла и Еурофарм Пелистер е закажан за 8 октомври од 18:45 часот во „Орлен Арена“ во Плоцк.