Митревски и Тодоровски со нова задача во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од четвртото коло во Лигата на шампионите кај мажите.

Македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ја добија втората задача оваа сезона во најелитното натпреварување.

Тие ќе го судат натпреварот во Лисабон меѓу Спортинг и францускиот вицепрвак Нант, додека делегат е Хуелин од Шпанија.

Овој дуел што се очекува да донесе возбудувања е закажан за 08 октомври со почеток во 18:45 часот во „Жоао Роча“ во Лисабон.