Европскиот шампион ќе има македонска арбитража

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 4 коло во Лигата на шампионите кај дамите.

Македонските судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева добија ново делегирање од европската куќа на ракометот во најелитната конкуренција.

Карбеска и Илиева ќе го судат натпреварот меѓу европскиот шампион Ѓер и романската Глорија Бистрица.

Делегат ќе биде Хрватот Јосип Посавец, а тој е закажан за 4 октомври во „Ауди Арена“ во Ѓер со почеток во 18:00 часот.