🎥 Еве што им порачаа „Чкембари“ на пелистерци по мечот со ГОГ Гудме

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер загуби вторпат оваа сезона во Лигата на шампионите, откако беше поразен од ГОГ Гудме во Битола со 31-28. По мечот, навивачите на битолскиот клуб по којзнае кој пат ја покажаа големата љубов кон клубот и ги бодреа со играчите со кои ги слават победите, а сега заедно беа и во поразот. „И кога губите ние ве бодриме“...им порачаа навивачите на пелистерци.