Македонскиот првак Еурофарм Пелистер утре го очекува еден од најважните натпревари во оваа сезона во Лигата на шампионите.
Во Битола ќе гостува данскиот ГОГ Гудме, натпревар на кој може да се бараат нови бодови во најелитната конкуренција.
Десниот бек Нејц Цехте ќе игра против неговиот поранешен клуб, во кој мина една сезона, пред да дојде во Битола.
„Се работи за млад тим, секоја сезона ги менуваат постарите играчи со некои од нивната академија. Играат брз ракомет, но тоа нема да им биде доволно против нас. Нашата одбрана мора да спречи лесни голови, а во нападот мора да играме трпеливо и долго, да не дозволиме тие да развијат контра или полуконтра. Ги повикувам сите навивачи да дојдат заедно да го прославиме роденденот, 40 години ‘Чкембари’, со победа, и да одиме напред од натпревар во натпревари“, изјави Цехте.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме се игра утревечер во салата „Боро Чурлевски“ во 20:45 часот.