Што вели традицијата: Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме досега играле четири пати

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го очекува еден од најважните натпревари во Лигата на шампионите.

Во Битола ќе гостува данскиот ГОГ Гудме, тим со кој пелистерци досега играле четири пати во клупската историја.

Во четирите натпревари, двете екипи си имаат поделено по две победи и тоа по една во Битола и во Гудме.

Два биле дел од квалификациите за ЛШ, додека другите два од групната фаза во Лигата на Европа.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.

Меѓусебни натпревари на Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме:

13.10.1996, ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер 21-24 (Лига на шампиони, квалификации)
19.10.1996, Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме 14-19 (Лига на шампиони, квалификации)
27.10.2020, ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер 30-29 (Лига на Европа, групна фаза)
16.02.2021, Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме 32-31 (Лига на Европа, групна фаза)