За македонскиот шампион Еурофарм Пелистер нема многу време за одмор и по тешкото гостување во Автокоманда, го пречека данскиот ГОГ веќе в среда во натпревар од ЛШ.
Тренерот на ГОГ, Каспер Кристијансен, со почит зборува за македонскиот првак Еурофарм Пелистер пред меѓусебниот дуел во Лигата на шампионите.
„Со нетрпение очекуваме да играме во атмосфера која ќе биде и забавна и интензивна. Имаме голема почит кон Еурофарм Пелистер, кој одлично ја започна својата кампања во Лигата на шампионите. Но, исто така веруваме дека имаме квалитети кои можат да им создадат проблеми,“ изјави Кристијансен.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.