Во продажба билетите за еден од најважните натпревари на Еурофарм Пелистер

Од денеска започна продажбата на билетите за натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме од Лигата на шампионите.

По триумфот над Загреб и одличната игра во Париз кај ПСЖ, пелистерци ќе го пречекаат данскиот тим во еден од најважните средби во елитната конкуренција.

Билетите, во зависност од местото на седење во салата, чинат 450 и 550 денари, а покрај на официјалниот сајт, може да се купат и на стандардните продажни места во Битола.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме е закажан за в среда, на 24 септември од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“.

Со победа на овој дуел, македонскиот шампион ќе фати убав залет за место што носи во осминафиналето во Лигата на шампионите.