Големата ѕвезда на данскиот и светскиот ракомет, Никлас Ландин, се врати на теренот по повредата и веќе бранеше против Фуксе Берлин во ЛШ.
Ландин беше надвор од терените од почетокот на август, кога беше подложен на операција на колено. Првичните прогнози беа пауза од шест до осум недели, но тој се врати побрзо од очекуваното.
Во негово отсуство, Алборг привремено го ангажираше Агуст Бјоргвинсон од Есбјерг, додека Фабиан Норстен беше прв избор на голот и се претстави одлично на стартот на сезоната. Сепак, враќањето на Ландин носи огромна психолошка тежина за екипата.
Алборг има половичен ефект по две кола во Лигата на шампионите – победа над Веспрем и пораз кај Фуксе Берлин.