Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го очекува вториот натпревар од Лигата на шампионите и гостувањето кај ПСЖ.
Тренерот Рубен Гарабаја го најави гостувањето на битолчани во Париз, каде минатата сезона Еурофарм Пелистер прикажа добра игра, иако остана без бодови.
„Мораме да се фокусираме на самите себеси, за да напредуваме секојдневно. Треба да се фокусираме на добрите страни на ПСЖ и да го дадеме најдоброто од себе. Да се обидеме да бидеме ефективни и ништо да не му биде лесно на ривалот. ПСЖ има супер-тим, со супер-ракометари и одличен тренер. Добро е што играме со нив на почетокот на сезоната, бидејќи секојдневно ќе напредуваат. Во Париз нема да ги имаме нашите навивачи, нашиот осми играч, но сигурно ќе ја почувствуваме нивната поддршка“, изјави Гарабаја.
Натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер се игра во салата „Пјер Де Кубертен“ со почеток од 20:45 часот.