Цветановски со победнички деби во Ајдовшчина

Македонскиот интернационалец Никола Цветаноски имаше победнички старт на новата сезона во Словенија.

Во второлигашката конкуренција, амбициозниот состав на Ајдовшчина славеше со 38-33 над Гросупље.

Левиот бек од Струга постигна три погодоци на овој натпревар, од кои два во второто полувреме кога се кршеше резултатот.

Во следното коло Цветаноски и неговиот тим ќе му гостуваат на Мокерц.