Хрватските медиуми бесни на судиите – Германците сакаа да бидат „главни ѕвезди“ во Битола

Хрватскиот шампион Загреб имаше четири победи на четири меча досега против Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, но мораше синоќа да си замине од Битола со пораз.

Тренерот Андрија Николиќ и десното крило Филип Главаш во изјавите по мечот го признаа поразот од битолчани, но хрватските медиуми велат дека германските судии Тониес и Шулце имале влијание врз резултатот.

„Карачиќ доби лакт од Хенигман во вратот, за две минути, но германските судии му покажаа да не глуми. ВАР не сакаа да гледаат, но важно е дека гледаа по допирот на Топиќ, кога Кузмановски глумеше за Оскар за да го исклучат Хрватот. Кога не најдоа ништо да го оштетат Загреб, на Кузмановски му покажаа две минути. Страшни се Германците“, пишува „24Сата“.

Сепак признаваат дека Загреб мора прво да ги реши внатрешните проблеми.

„Судиите одлучија да станат главни ѕвезди на вечерта во Битола, па за влечењето одзади на Карачиќ ги исклучија и Карачиќ и Хосни. Некој ги предупредил дека не смеат да си играат со Чкембари“, пишува хрватскиот медиум.

На крај oд „24Сата“ реагираат и на последната акција на Загреб, кога наводно не бил свирен фаул.

„Германците му свиреа престап на Чавар, потоа на домаќините им поклонија седмерец. Срамота, баш срамота. Загреб го имаше последниот напад, Кавчич оди на гол под прекршок, но Германците не го враќаат нападот поради прекршок и Хеидарирад погоди за крај“, се вели во извештајот на „24Сата“.

Победата на Еурофарм Пелистер над хрватскиот првак е потполно заслужена, тоа го потврдија и противничките ракометари и тренерот, кои немаа замерки за арбитражата, а Хрватите веројатно многу повеќе ги боли поразот бидејќи знаат дека ги очекува гостување кај Висла Плоцк, домашен дуел со Барса, гостување кај ПСЖ и тешко дека во првите четири кола ќе освојат бодови.

Карачиќ: Maкедонија е мој дом, секогаш со радост се враќам тука

Главаш: Беше сјајно да се игра во ваква атмосфера – во клучните моменти не бевме на ниво