ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пелистерци стартуваат во ЛШ, Загреб на испит во Битола

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска ќе ја стартува третата сезона по ред во Лигата на шампионите.

Со нов тренер, Рубен Гарабаја, и засилувања како Хенигман, Хеидарирад, Хекбарт, Видомски, Валид…битолчани влегуваат во новата сезона во најелитното натпреварување.

Загреб исто така имаше големи промени во ростерот – заминаа носителите на играта Дибиров, Срна и Мандиќ, но дојдоа Карачиќ, Сковребадзе, Суљевиќ…па хрватскиот првак одново ќе има што да каже во ЛШ.

Битолчани и Загреб досега одиграле четири меча во ЛШ, четири пати славел хрватскиот тим, а тоа ќе биде мотив плус за домашните да стават крај на непријатната традиција во полната сала „Боро Чурлевски“.

Ќе има организирана фан-зона пред салата два часа пред мечот и сите фанови ќе имаат можност за убава дружба.

Покрај натпреварите од Лигата на шампионите, ќе биде комплетирано и колото во Супер лигата во Македонија со дербито во Автокоманда, а настапи ќе имаат и дел од македонските интернационалци низ Европа.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:45 АЛБОРГ – ВЕСПРЕМ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ДИНАМО БУКУРЕШТ – СПОРТИНГ ЛИСАБОН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ЗАГРЕБ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 МАГДЕБУРГ – ПСЖ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
19:30 ВОСЛАУЕР – ХОЛАБРУН (АВСТРИЈА)
20:00 БЕЗАНСОН – АШЕНХЕЈМ (ФРАНЦИЈА)
18:30 АЛКАЛОИД – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
19:15 КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН – СУР АРАУ (ШВАЈЦАРИЈА)