Младост го одигра последниот пријателски натпревар пред стартот на Првата лига

Амбициозниот прволигаш Младост Богданци го одигра последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната.

Избраниците на Горан Андоновски беа поразени на гостувањето кај грчката Верија со 42-39, иако на полувремето водеа со 24-20.

Богданчни водеа скоро во текот на целиот натпревар, но во финишот тренерот Андоновски им даде шанса на сите ракометари.

Ова беше последен тест за Младост Богданци, кој во првото коло од Првата лига ќе биде слободен по откажувањето на Астраион, а во втората рунда ќе гостува кај Партизан во Гевгелија.