Во јуни Камила Херем објави дека има карцином на дојка. Во вторникот ја имаше својата четврта терапија, а само пет дена подоцна повторно беше на терен.
Играше за екипата на Сола во првиот меч од норвешкото првенство и ги одигра сите 60 минути.
„Станува збор за тоа да си тука и сега – рече Херем. „ Имам најдобра група на луѓе на светот околу мене. Пријатели, семејство и Стефан. Ништо немаше да можам да направам без поддршката што ја имав околу мене“, вели Херем за ТВ2.
Во неделата попладне таа настапи за Сола во првото коло од шампионатот. Постигна четири гола и го одигра целиот натпревар.
„Добро е што заврши натпреварот. За мене лично имаше многу фокус околу овој меч. Можеме ли сега малку да здивнеме?
Во тој момент ѝ се насолзија очите.
„Тоа беше целта што ја имавме однапред. Знаев дека ќе бидат бранови на емоции. Среќна сум што играм ракомет, тоа е моето светилиште. Се борев цел натпревар со грутка во грлото, но сега чувствувам дека можам малку да ги спуштам рамениците. Испадна добро!“, продолжи Херем.
На 6 септември ја очекува настап во Лигата на шампионите против Подравка.
„Сосема нереално е да играм Лига на шампионите со Сола, но, со нетрпение очекуваме – додаде Херем.
Претходно, во среда тимот ќе одигра меч од Купот против Ставангер.
„Прашање е дали треба да го прескокне средбата во Купот, за да биде подготвена за Подравка. Чудно е што никој не го истражува телото кога веќе има ваква состојба – рече тренерот и сопруг Стефан Стегавик. „ Последната недела навистина добро се чувствува. Добро реагира на речиси сите третмани и доби позитивни повратни информации“, додаде Стегавик.
Херем една сезона од својата кариера помина во поранешниот првак Вардар, со кој освои двојна круна во Македонија и играше во финалето на Лигата на шампионите.