Охрид уште еднаш, по четвртипат беше домаќин на силен меѓународен турнир „Крсте Андоновски“ кои беше генерална најава за почетокот на новата натпреварувачка сезона. Осумте екипи од четири земји, одиграа по четири силни натпревари на кои може да ја проверат својата форма и да видат што треба да се подобрува во играта.
Домаќинот ја оправда фаворитската улога и во финалето го победи македонскиот шампион Еурофарм Пелистер со 31-26. Третото место го освои Нексе, пред Вардар.
МВП на турнирот беше Анте Иванковиќ, најдобар голман е Бојан Блажески, а стрелец – Лазар Анѓелковиќ од Динамо Панчево.
Спортскиот директор Славчо Ристески, во улога на главен координатор на Организациониор одбор на турнирот задоволен од тоа како помина целиот турнир, од позитивната реакција на сите кои настапија во Охрид.
Охрид стана неосвоива тврдина, а од таборот на „гладијаторите“ најавуваат дека таќе ќе биде и во иднина. Ова е само почетокот.