ПРИЛЕП 2025: Пролет триумфално против Црвена Звезда, Тиквеш подобар од Бутел Скопје

Со комплетирањето на натпреварите од третото коло од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, познати се двојките за финалниот ден.

Уште од претходно беше познато дека за трофејот ќе се борат Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 утре од 19:00 часот.

По денешната драматична победа на Тиквеш над Бутел Скопје со 26-25, кавадарчани го обезбедија второто место во групата и ќе играат за третото место.

Нивен противник во таа средба ќе биде составот на Пролет, кој славеше против Црвена Звезда со 28-25.

Програмата на последниот ден стартува со мечот за петтото место меѓу Бутел Скопје и српскиот тим од 15:00 часот, а потоа од 17:00 ќе играат Пролет и Тиквеш.