Тимот на Металург Автокоманда ќе има убава шанса за прогрес во третото коло на ЕХФ Европскиот Куп.
Македонскиот вицепрвак два пати ќе игра на домашен терен во второто коло против тимот на Диферданж од Луксембург.
Европската ракометна федерација во координација со клубовите ги потврдите термините и саатниците за двата меча.
Првиот натпревар е на програмата на 4 октомври од 16:00 часот, додека реваншот на кој Металург Автокоманда е формално гостин се игра следниот ден во истото време.
Двата меча се закажани во салата во Автокоманда.