Европската ракометна федерација ги потврди термините за двомечот на екипата на Чаир во ЕХФ Европскиот Куп.
Чаир за ривал го има словенечкиот тим Млинотест Ајдовшчина, а тимот на Басри Љатифи ќе гостува на првиот натпревар.
Тој е закажан за 27 септември во СРЦ „Полице“ во градот Ајдовшчина со почеток од 19:00 часот.
Реванш средбата е закажана за 4 октомври во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19:00 часот.