Драчево Јуниор го задржа Наум Симјановски

Амбициозниот прволигаш Драчево Јуниор го склопува играчкиот ростер за претстојната сезона.

Чуварот на мрежата, Наум Симјановски, се договори и наредната сезона ќе биде дел од составот на Велимир Настески.

Младиот голман има забележано суперлигашки настапи за тимот на Бутел Скопје, а беше дел и од прволигашот Скопје.

Драчево Јуниор претходно ги донесе еден од најдобрите прволигашки стрелец – Филип Петровски, како и Филип Фидановски, Андреј Крстевски, Мартин Павличковски и Антонио Николовски.

Во новата сезона Драчево Јуниор влегува со амбиции за борба за елитната конкуренција во Македонија.