Сара Стефаноска ќе игра во најсилната лига во светот!

Македонската репрезентативка Сара Стефаноска по една и пол сезона заминува од српската Јагодина.

Стефаноска во наредната сезона ќе биде дел од најсилната женска лига во светот, романската, и ќе настапува во тимот на Залау.

Во Залау ќе соработува со легендарниот романски стратег Георге Тадичи, под чија палка работeа најдобрите романски репрезентативки изминатите три децении.

Пред да замине во Србија, Стефаноска долго време беше дел од Вардар и меѓу најдобрите стрелци во Женската лига во Македонија.

Таа ги мина и кадетската и младинската репрезентација, а со сениорките зад себе има настап на Европското првенство 2024 година во Унгарија, Австрија и Швајцарија.