Со натпреварите од третото коло на Европското првенство во Црна Гора, се комплетираше групната фаза и познати се патниците во главната рунда.
Во групата А, каде што е Македонија, Чешка го освои првото место, а во директно место за ТОП 12, Унгарија едвај ја победи Полска со еден гол.
Домаќинот Црна Гора славеше против Исланд во директен дуел за место во главната рунда, додека таму се пласираа Хрватска и Србија со три победи на три меча.
Романките изненадувачки ќе разигруваат за пласман од 12 до 24 место, откако по Германија загубија и од Шпанија.
Во главната рунда ќе играат Чешка, Унгарија, Данска, Црна Гора, Србија, Шведска, Германија, Шпанија, Франција, Норвешка, Хрватска и Австрија.
Во Грузија се игра ЕХФ шампионатот за младинки, а на првиот натпреварувачки ден домаќинот беше поразен од Италија, фаворитите Косово, Украина и Словачка славеа убедливи победи, додека изненадување приреди Луксембург кој го торпедира Израел.