Некогашниот среден бек на Еурофарм Пелистер, Вилсон Давајес, и наредната сезона останува дел од АЕК Атина.
Вицепрвакот на јужниот сосед на Македонија и португалскиот интернационалец се договорија за нова соработка.
Иако целите минатата сезона не беа остварени, сепак АЕК не се откажува и го задржува скоро целиот тим и за наредната сезона во која нема да имаат европски обврски поради суспензијата.
Претходно АЕК го објави и трансферот на германскиот интернационалец Јулијус Кун, како и на средниот бек од Египет, Омар Салем.