Играше за Куманово и Охрид, сега потпиша во Израел

Бразилскиот десен бек Чиао Винисиус по една сезона помината во македонскиот шампионат ќе има нов предизвик во кариерата.

Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Бразил од ова лето ќе настапува во израелскиот тим Хапоел Холон.

Тој дојде минатото лето во Куманово, а по одличната полусезона се пресели во тимот на Охрид.

Таму не ја доби посакуваната минутажа покрај Никола Јукиќ, па се реши својата среќа да ја побара во друга земја.