Марија Јанкуловска верна на Металург Автокоманда

Македонската репрезентативка Марија Јанкуловска и наредната сезона ќе биде дел од тимот на Металург Автокоманда.

Битолчанката ја продолжи соработката за уште една сезона и ќе биде голем адут на Јулијана Дамчевска во битката за трофеите.

Јанкуловска дојде минатото лето од шампионот Ѓорче Петров и беше лидер на Металург Автокоманда, кој го освои второто место и беше учесник на Ф4 во Купот на Македонија.

Металург Автокоманда претходно ги донесе Анастасија Николовска, Петра Јершек, Ива Божиноска, Ана Марија Коларовска и Сара Ристовска, а го продолжи договорот и со голманката Софи Гошевска.