Ѓорче на шопинг во Чаир – ја донесе Ѓорѓиевска, ја задржа Ризоска!

Шампионот Ѓорче Петров продолжува да го формира ростерот за следната натпреварувачка сезона, а во него ќе има многу промени.

Меѓу малкуте ракометарки кои остануваат во редовите на освојувачот на двојната круна ќе биде македонската репрезентативка Емилијана Ризоска, која ја продолжи соработката и за наредната сезона.

На левата крилна позиција друштво ќе и прави засилувањето од редовите на Чаир, Стефанија Ѓорѓиевска. Одличниот стрелец по долго време заминува од Чаир и ќе биде дел од тимот на Ѓорче Петров.

Ѓорѓиевска претходно настапуаше и за тимот на Вардар, каде исто така беше меѓу најдобрите стрелци, а се очекува во ист стил да продолжи и во редовите на освојувачот на двојната круна.

Ризоска беше најдобар лигашки стрелец во составот на Феникс од Битола, а сега го продолжи договорот со тимот за кој настапува веќе четири сезони.

Тренерот Симе Симовски ќе има на располагање посилен ростер од тековната сезона и ќе влезе со поголеми амбиции на меѓународна сцена.