Металург Автокоманда и посака добредојде на Ристовска

По Анастасија Николовска, Ива Божиноска, Ана Марија Коларовска и Петра Јершек, Металург Автокоманда го промовираше петтото ново име за наредната сезона.

Станува збор за крилото на Вардар, Сара Ристовска, која ќе ја зголеми конкуренцијата на крилните позиции во составот на Јулијана Дамчевска.

Металург Автокоманда ќе има голема реконструкција на играчкиот кадар, а досега е потврдено заминувањето на пивотот Анастасија Трпеска.

Минатата сезона Металург Автокоманда ја заврши на вицешампионското место и ќе игра во Европа, а играше и на Ф4 во Купот на Македонија.