Металург Автокоманда се зацврсти на второто место

Градското дерби меѓу Вардар и Металург Автокоманда очекувано го добија гостинките кои со 30-22 со што „сините“ повеќе од сигурно ќе го освојата вицешампионското место во женската Супер лига.

Домашните единствено израмнија 7-7 на почетокот на средбата по што целосната доминација беше на гостинките. На самиот почеток резултатот беше 20-10 по што веќе се знаеше дека бодовите заминуваа од „другата страна на Вардар“.

Откако резултатот беше во корист на гостинките и беше јасно кој ќе победи, шанса добија и помладите ракометарки, но не се смени ништо. За Вардар останува шанса да го освои четвртото место и да го мине Куманово на табелата.

Во победничкиот тим, кај Металург Автокоманда најмногу голови постигна Марија Јанкуловска – 8 , а по пет дадоа Марија Гугуљанова и Сара Миновска. Кај Вардар, најпрецизна беше Леона Миленковска со 7 гола.