Еден од најталентираните млади ракометари во светот, Петар Цикуша, ќе остане во Барселона до 2029 година!
Нeговиот претходен договор беше активен до 2027 година, а сега каталонскиот гигант го врза за уште две сезони.
Шпанскиот репрезентативец со хрватско-српско потекло, во тековната сезона ужива голема доверба од стратегот Антонио Карлос Ортега.
По заминувањето на Циндриќ и повредата на Макуц, Цикуша го искористи моментот и сега е меѓу лдиерите на каталонскиот гигант.
Неговиот брат, Ѓорѓе Цикуша, кој има договор со Барса, во моментов е на позајмица во францускиот Монпелје.