Тимот на Крим уште еднаш покажа дека нема конкуренција во домашното првенство веќе децении наназад.
Избраничките на Мартин Амброш ја освоија 30. титула во историјата и ја продолжија рекордната серија.
Само Олимпија Љубљана освојуваше три титули во серија по осамостојувањето на Словенија, а потоа Крим доминира од 1995 па досега, со исклучок на сезоната 2014/15, кога првак стана Загорје.
На две кола до крајот на плеј-офот, Крим има 14 бодови на првото место на табелата, кои се недостижни за второпласираната Ајдовшчина која е втора со девет бода.