Француско лево крило потпиша за Вардар!

Французинот Мамаду Кеита (29) кој игра на позицијата лево крило е нов ракометар на Вардар. Клубот го потпиша играчот кој моментно настапува во шпанската Асобал лига за тимот на Анхел Хименез, а има и трофеј од настапот во Лига Европа.

Како дел од Бенфика, во 2022 година Кеита ја освои Лига Европа, и беше дел од тимот кој во финалето го победи Магдебург.

Кеита има искуство со настапи во три лиги, во Франција каде играше за Иври, во Португалија настапуваше за Бенфика, а во Шпанија за Логроњо и за Анхел Хименез. Со Бенфика и со Логроњо беше дел од Лигата на Европа.

Во сезоната 22/23 како дел од Логроњо постигна 123 гола на 35 натпревари, а во моментов за Анхел Хименез има дадено 25 гола.

Досега Вардар ги потврди ангажманите на десниот бек Марек Марцинијак, голманот Милош Валах, како и кружниот напаѓач Виктор Јанковски. Заминуваат Хансер Родригез, Марко Срдановиќ, Томислав Јагуриновски, Ларс Коиј и Михаил Аларов.

Активни договори за наредната сезона со Вардар има левото крило Марио Стојановски, левиот бек Томче Стојановски, кружниот напаѓач Милан Лазаревски, средниот бек Марио Танкоски, десните крила Гоце Георгиевски, Ален Ќосевски и Мигел Пинто, голманите Васил Гогов, Мигел Еспиња и Марко Богдановски, десниот бек Кристијан Стаменковиќ…

На крајот на оваа сезона им истекуваат договорите на Ашраф Маргели, Младен Крсманчиќ, Нилтон Мело, Вуко Борозан, Матија Николиќ, Стефан Петриќ…