Раде Стојановиќ заминува од Тримо Требње!

Македонскиот стратег Раде Стојановиќ на крајот на оваа сезона ќе си замине од словенечкиот Тримо Требње.

Селекторот на младинците на Македонија ќе го напушти кормилото на Тримо, кој е во трка за титулата во Словенија.

„Благодарен сум за оваа можност и за соработката. Горд сум на прогресот на тимот и на силните врски што ги изградивме преку работата, посветеноста и заедничките цели. Секоја приказна има свој крај. До последниот свиреж, нашиот фокус останува – заедно до титула“, вели Стојановиќ.

Македонецот ја започна тренерската кариера во Металург 2, беше дел од Охрид, Катар Спорт, а го водеше и Тиквеш пред да се пресели во Словенија.