Познат е терминот за големото дерби – еве кога Вардар гостува во Битола

Следното големо дерби во суперлигашкиот плеј-оф ќе се игра повторно во Битола во текот на следната недела.

Шампионот Еурофарм Пелистер ќе го пречека тимот на Вардар во 5 коло, а овој меч го доби својот датум.

Тој е закажан за в четврток, на 24 април, со почеток во 18:00 часот, а судии ќе бидат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

На табелата, Еурофарм Пелистер има 11 бодови, Вардар е втор со десет и јасно е дека меѓу овие два тима ќе се одлучува првакот на Македонија.