Судии од Кипар во Автокоманда, Италијанци на реваншот во Сандефјорд

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од плуфиналето во Европскиот Куп.

Македонија ќе има свој претставник, а тоа е тимот на Кирил Лазаров, кој ќе се соочи со норвешкиот Рунар Сандефјорд.

ЕХФ за првата средба што ќе се игра во Скопје ги делегира Панајидес и Андреу од Кипар, додека делегат е Сокол од Хрватска. Вториот дуел ќе го судат Италијанците Симоне и Монитиљо, а делегат е Леифсон од Исланд.

Првиот меч меѓу „сино-белите“ на Лазаров и Рунар ќе се игра на Велигден, 20 април од 19:00 часот, додека реваншот е во Сандефјорд на 27 април од 17:00 часот.