Текстилец триумфираше над Аеродром, Шампион рутински одработи против Астраион

Предводен од Јован Атанасовски, тимот на Текстилец го совлада Аеродром со 45:35 во второто коло од прволигашкиот плеј-аут.

Текстилец до победата дојде со одличната игра во вториот дел, откако на пауза имаше позитива од два гола, 16:14.

Јован Атанасовски беше прво име во победничкиот табор со 16 погодоци, а десет постигна Филип Џинес. Кај Аеродром најефикасен беше Иван Ќурчиев со 13 погодоци.

На победа во прволигшакиот плеј-аут се радуваше и екипата на Шампион, кој славеше над Астраион со 34:22.

Домашниот тим победата ја најави уште во првиот дел, кој го доби со плус осум, 18:10, и рутински го одработи второто полувреме.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ненад Богоевски со десет погодоци, а го следеше Христијан Синоновски со осум реализации.

Во поразениот тим најефикасен беше Гоце Аргиров со седум погодоци, четири додаде Митко Ефтимов.