Поранешниот селектор на Србија и тренер на Војводина, Борис Ројевиќ, од лето ќе биде нов тренер на Охрид.
Охридскиот клуб денеска го промовираше новиот стратег, кој се обврза на договор на три сезони и ќе го замени Стевче Алушовски.
Ројевиќ доаѓа од Војводина, која ја водеше долго време и освои многу трофеи во Србија, но и еден во Европскиот Куп.
Беше на клупата на машката репрезентација за баражот за СП 2025, како и за првите два меча од квалификациите за ЕП 2026, но раководството на РСС реши да го промени иако имаше активен договор.
Покрај Ројевиќ, во Охрид доаѓаат триото бекови – Анте Иванковиќ, Тилен Стрмљан и Предраг Вејин, како и пивотот Николас Лиапис.