Кукуловски: Aко одиграме според договорот, ќе се вратиме дома со позитивен резултат

Ракометарите на Охрид вечерва им гостуваат на „сино-белите“ во Автокоманда во натпреварот од последното коло во Супер лигата.

Охриѓани одамна обезбедија плеј-оф, таму ќе стартуваат со еден бод, но посакуваат позитивен резултат на ова тешко гостување.

Противникот ќе ги штеди силите за европскиот натпревар, па левиот бек Дејан Кукуловски очекува позитивен резултат.

„Не очекува тежок натпревар, но ние сме подготвени и одиме во Скопје на победа. Екипата на Алкалоид е составена претежно од млади играчи кои играат брз и модерен ракомет. Имавме доволно време да анализираме и да се подготвиме. Ако одиграме се како што се договориме ќе се вратиме со позитивен резултат дома“, изјави Кукуловски.

Натпреварот меѓу тимот на Кирил Лазаров и Охрид се игра во Автокоманда со почеток во 19:00 часот.