ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Сите очи вперени во Автокоманда, кој носи три бода во плеј-оф?

Денеска со натпреварот меѓу тимот на Кире Лазаров и Охрид ќе заврши регуларниот дел од натпреварувачката сезона во Супер лигата. Токму по овој натпревар ќе се знае дали Вардар или Еурофарм Пелистер ќе пренесат три бода во плеј-оф.

Тие не одлучуваат сами за себе, за нив ќе „одлучат“ тимот на „сино-белите“ од Автокоманда и „гладијаторите“ од Охрид.

Доколку победи Охрид, или пак тимот на Стевче Алушовски одигра нерешено, тогаш Вардар ќе заврши како првопласиран и во разигрувањето за титулата ќе стартува со три бода, додека пелистерци и тимот од Автокоманда ќе пренесат по два.

Во случај домаќинот да победи, тогаш Еурофарм Пелистер ќе заврши како првопласиран и борбата за одбрана на титулата ќе ја стартува со три бода.

Тимот на Кирил Лазаров со евентуална победа нема можност за лидерското место, па така денешниот натпревар за третопласираниот тим од ланската сезона е без значење, па ќе биде искористен за добра подготовка за европскиот меч со Баја Маре.

Како што е познато, Охрид и Тиквеш во плеј-офот ќе пренесат по еден бод, додека Бутел Скопје ќе стартува без бодови.

На денешната програма ќе има натпревари од плеј-оф и плеј-аут фазата во Женската лига, како и еден дуел од последното коло од регуларниот дел кај прволигашите.

Интересно се очекува да биде на осминафиналните дуели од ЛШ меѓу Динамо Букурешт и Магдебург, односно Келце и Фуксе Берлин.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 КИЧЕВО – МЕТАЛУРГ РА (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ВАРДАР – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
16:30 РАПИД – ЧСМ (РОМАНИЈА)
18:00 РАДОВИШ – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
18:00 БЕРАНЕ – БУДУЌНОСТ (ЦРНА ГОРА)
18:15 ЛАРВИК – СОЛА (НОРВЕШКА)
18:30 ПАРТИЗАН – ОБИЛИЌ (СРБИЈА)
18:45 ДИНАМО БУКУРЕШТ – МАГДЕБУРГ (ЛШ)
19:00 ЛЕВЕРКУЗЕН – ЦВИКАУ (БУНДЕС)
19:00 АЛКАЛОИД – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
19:15 ДЕСПИНА – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)
19:30 КУМАНОВО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)
19:30 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)
20:45 КЕЛЦЕ – ФУКСЕ (ЛШ)