Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски повторно имаше одлична партија во дресот на Аликанте.
Тимот на Димитриевски ја изненади Гвадалахара, која учествува во најквалитетното натпреварување во Шпанија, триумфирајќи со 29:28.
Аликанте со победата си обезбеди осминафинале на „Кралскиот Куп“, па така самиот пласман е голем успех за клубот.
Велешанецот беше најдобар на теренот, натпреварот го заврши со девет погодоци и имаше неколку асистенции кон своите соиграчи.