Позната пречката на „сино-белите“ од Автокоманда до европско полуфинале

Oсвојувачот на трофејот во Купот на Македонија, денеска го дозна ривалот во четвртфиналето на Европскиот Куп.

„Сино-белите“ од Автокоманда за место во полуфиналето ќе се борат против романската екипа Баја Маре.

Во претходните фази, Баја Маре ги елиминираше турскиот Бејкоз, косовскиот Раховец и финскиот БК-46.

Првиот натпревар ќе се игра во Баја Маре на 22/23 март, додека реваншот е во Скопје на 29/30 март.

Најинтересен двобој ќе биде меѓу двата фаворити за трофејот во ова натпреварување, АЕК Атина и Партизан.

Европски Куп, четвртфинале:

Баја Маре – Алкалоид
АЕК Атина – Партизан
Олимпијакос – Рунар Сандефјорд
Хаукар – Извиѓач Љубушки

Ако тимот на Лазаров ја мине четвртфиналната пречка, во полуфиналето од Европскиот Куп ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу грчкиот Олимпијакос и норвешкиот Рунар Сандефјорд.

Европски Куп, полуфинале:

Баја Маре/Алкалоид – Олимпијакос/Рунар Сандефјорд
АЕК Атина/Партизан – Хаукар/Извиѓач