За десет дена ќе се избере новиот претседател на РФМ, а најсериозен кандидат е Александар Стефанов. Како дел од неговиот план за запознавање на клубовите со плановите и програмата, беше и состанок со клубовите од југозападниот дел од Македонија. Меѓу другото Стефанов беше и на трибините во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Практиката на Стефанов да биде „меѓу народот“ секако му носи предност и позитивен имиџ на човек, кој како претседател ќе се залага за еднаквост на сите.
Еурофарм Пелистер со 25-24 го победи Динамо Букурешт и за македонскиот шампион останува сонот дека првпат може да биде меѓу најдобрите 12 во Европа и да игра во осминафиналето. Патот ќе биде тежок, но на две кола до крај нa мечевите од групата од ЛШ тие имаат осум бода, исто колку и Висла Плоцк.
Стефанов на трибините во Битола беше во друштво на клубовите со кои имаше состанок во Битола, и секако со првиот човек на битлскиот клуб Зоран Стерјев.
Како претседателскиот кандидат Стефанов има најголеми шанси да седне во столчето како прв човек на РФМ.
Повеќе од половина од клубовите веќе му дале поддршка попишувајќи се на неговата кандидатура, но секако ќе треба да го потврдат истото со дигање на „зелениот картон“ и на Собранието на РФМ.
Изборот е закажан за 1 март во Скопје.