Тимот на Вардар Неготино со победа го стартуваше пролетниот дел од сезоната во Првата лига, откако славеше над Шампион со 39-26.
Голема улога во убедливиот триумф имаа Костадин Петров со 13 и Мирослав Митевски со 11 погодоци.
Гостите успеваа да парираат во првото полувреме, во повеќе наврати ја имаа и предноста, но попуштија во вториот дел и неготинци доминираа во сите елементи.
Најдобри стрелци во редовите на Шампион беа Кристијан Ѓорѓиев и Ненад Богоевски со по пет погодоци.
Астраион пред својата публика славеше над Аеродром со 28:25, а струмичани победата ја обезбедија уште на полувреме кога имаа плус шест, 15:9.
Предводник во победата на домаќините беше Христијан Ефтимов со 12 погодоци, додека кај гостите се истакнаа Александар Симоновски со шест и Иван Ќурчиев со пет реализации.