По повредата на Немања Ратковиќ, амбициозниот Партизан го ангажираше црногорскиот пивот Миодраг Ќорсовиќ до крајот на сезоната, пишува Моцарт Спорт.
Ќорсовиќ, кој е висок два метри, а тежок 107 кг, доаѓа од исландскиот Валур, откако пропадна трансферот во хрватскиот Загреб минатото лето.
Црногорскиот кружен напаѓач потекнува од црногорскиот Рудар Плевља, каде играше со 2020 година.
Потоа една сезона мина во Ловќен Цетиње, пред да се пресели во словенечкиот Тримо Требње, каде играше три сезони.
Тој би можел да го има дебито за Партизан викендов на двомечот со грчкиот Диомидис Аргус во Европскиот Куп.