Вујовиќ: Секој бира сам – ќе живее како човек на нозе или како полтрон на колена!

Откако Ракометниот сојуз на Србија (РСС) упати бројни обвинувања против некогашниот селектор на Македонија и екс тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, искусниот стратег веднаш се огласи.

Популарниот Вујо сега во разговор за порталот ,,Oslobođenje” ги повика поранешните играчи на тогашната репрезентација на Србија и Црна Гора да потврдат дали на натпреварот со Хрватска имало обид за местење.

,,Во изјавата се осврнувам на натпреварот што тогашната репрезентација на Србија и Црна Гора го одигра против Хрватска, па ги повикувам репрезентативците на таа репрезентација да потврдат дали е вистина она што го тврдат некои играчи, за кои знаеме дека не се способни сами да смислуваат и да пишуваат слични изјави и соопштенијаа. Секој во животот си избира свој пат и начин, дали да живее како човек на нозе или како полтрон на колена”, изјави Вујовиќ за босанскиот портал ,,Oslobođenje”.

Веселин Вујовиќ во моментов е селектор на Катар, кој го водеше и на Мундијалот во Данска, Хрватска и Норвешка.

Вујовиќ: Не знам до која мера ќе оди омразата и желбата да ме дискредитираат!

 

Србите го „запукаа“ Вујовиќ: Човек што не ја почитува химната и знамето не може да биде селектор