Ракометарите на Спортинг Лисабон ќе го пречекаат македонскиот првак Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите без претходно ниту еден одигран меч во португалското првенство.
Иако викендов требаше да го одиграат дуелот од домашниот шампионат против Повоа Варзим, сепак тој беше прекинат и ќе биде доигран на друг датум.
Поради лошата подлога и влажниот терен дуелите меѓу Варзим и Спортинг беше прекинат во 26 минута, а тогаш Спортинг водеше со 14-12.
Натпреварот меѓу Спортинг Лисабон и Еурофарм Пелистер е закажан за в четврток на 13 февруари од 20:45 часот.