Митревски и Тодоровски на нова задача во Лигата на шампионите!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 11 коло од Лигата на шампионите.

Македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија нова задача во елитното натпреварување.

Тие ќе го судат двобојот меѓу унгарскиот ПИК Сегед и хрватскиот Загреб што ќе се игра во „ПИК Арена“.

Овој натпревар на кој делегат ќе биде Чехот Конечни, е закажан за 12 февруари со почеток во 18:45 часот.