Охриѓани триумфално во Велес

Екипата на Охрид на гостувањето во Велес кај дебитантот Борец ФЛ дојде до победа од 35:29 во натпревар од 17. коло од суперлигашката конкуренција.

За Охрид ова беше 13-ти триумф во новата сезона, додека тимот од Велес, кој остана без искусните Ивица Илиев и Славиша Паунов, останува со шест бодови на свое конто.

Домаќините добро се држеа во првиот дел, беа рамноправни до 10:10, потоа до израз дојде квалитетот меѓу двете екипи, па така составот на Алушовски на пауза замина со предност од плус четири, 18:14.

Гостите во вторите 30 минути само го потврдија квалитетот и во ниту еден момент не дозволија домаќинот да има било какви шанси за кам-бек.

Најефикасен во победничката екипа беше Ловро Јотиќ со седум погодоци, по пет постигнаа Гоце Ојлески, Никола Јукиќ и Живан Пешиќ.

Во поразениот табор се истакнаа Марио Миланов, Бобан Петров и Гуедеш Габриел, сите тројца постигнаа по четири погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186