Натпреварот меѓу Пролет и Вардар со кој двете екипи го отворија пролетниот дел од сезоната во Супер лигата започна со минута молчење во чест на Александар Јовиќ.
Тој беше тренер на Пролет, а во Вардар остави голема трага во своите најдобри играчки години.
На местото на Јовиќ сега тимот го води Никола Матлиески, но клубот направи гест за почит и ќе го исплати до крајот договорот на неговото семејство.
Македонскиот стратег освен во Пролет, работеше во Металург 2, Металург, како и во Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.